Што се хелати и кои се придобивките од нив?
Името на процесот на хелација има потекло од грчкиот збор хеле (χηλή) што се преведува како канџа или клешта. Симобилката е затоа што со овој процес органските соединенија се врзуваат за неоргански соединенија во насока на подобрување на внесувањето на хранливи материи во телото. На овој начин, хелацијата помага за ефикасен транспорт на минерали низ цревниот ѕид и нивна поголема искористеност низ телото.
Кај нехелатираните суплементи не постои хемиска врска со други соединенија. Затоа и се поевтини од хелатните сорти. Но, немањето врзувачки агенс, ја отежнува нивната апсороција во вашето тело и може да предизвикаат отежнато варење или дијареа во некои случаи. Хелатната форма има тенденција да биде понежна за вашиот дигестивен систем од другите форми, па ако имате чувствителен стомак, ова може да биде подобар избор за вас.
Подобрената стабилност која доаѓа со хелатираните суплементи ја намалува можноста за негативни реакции со витамини растворливи во масти и други минерали во телото. Како резултат на тоа, додадената стабилност на хелатираните минерали служи за зголемување на стапката на апсорпција и ефективноста.
Хранливите материи изложени на дигестивниот систем често не успеваат правилно да се апсорбираат од телото. Многу минерални додатоци се земаат од неоргански извори или минерални соли, кои се слабо асимилирани и имаат ниска биорасположивост. Хелираните минерали користат органски соединенија како амино киселини за да ја подобрат апсорпцијата и искористувањето на хранливите материи.