Перуанска мака – природен афродизијак
Расте и цвета на Андите на надморска височина од 4000 илјади метри, многу е отпорен и опстојува во многу екстремни услови. Во природата е баран нејзиниот корен, кој наликува на бела ротквица, а како додаток во исхрана се бара изронета во прав за растворање во вода или смути или во капсула за брза конзумација.
Богата е со минерали, витамини, јаглехидрати, амино киселини, витамини Б, Ц, Е, јод, фосфор, магнезиум. Содржи до 70% јаглени хидрати, 10-14% протеини, 8% диетални влакна и околу 2% масти. Исто така позната е по тоа што има четири уникатни алкалоиди – макаин 1, 2, 3, 4, кои никогаш не биле видени во друго растение и корен.
Златната перуанска мака не само што е исклучително хранлива, туку и поволно делува на целиот организам. Позитивно влијае на хормоналниот статус, ендокриниот систем, остеопорозата, заморот, хроничниот стрес, депресијата, плодноста, либидото.
Ова моќно растение е силен антиоксиданс и афродизијак. Може да го користат и мажи и жени од сите генерации и хормонален статус.
Мажите го користат за да го зголемат либидото, потенцијата, сексуалната желба, издржливоста, подвижноста на сперматозоидите, им помага да ја намали зголемената простата, и да го спречат честото мокрење.
Златната мака е безопасно растение кое нема контраиндикации доколку се користи во пропишани количини.
Во Перу овој лековит корен се користи за лекување на многу болести и здравствени проблеми, а се користи веќе десет илјади години.
На жините им помага да ги ублажат симптомите на менопауза, ја подобрува нивната плодност, да го регулираат циклусот, ја имаат чиста кожа и влажна слузокожа. Познато е дека помага во работата на тироидната жлезда, дава посебна енергија и виталност, го подмладува телото, а благотворно делува и за спречување на фиброцистични феномени.