Помалку целулит со Бршлен - Др. Сибирски

Помалку целулит со Бршлен

Бршленот е лијан кој може да биде долг и до 30 метри. Има трајно зелени листови. Со многубројните корени се прицврсува за други стебла и предмети. Близу коренот стеблото му е цврсто, а потоа почнува да ползи. Се јавува на влажни и хумусни земјишта, но добро поднесува и каменасти и варовити тла. Сака влажен воздух.
 
Бршленот е отровен и има алтернативен корен, кој му служи за прицврстување за подлогата по која се искачува, а се развива површински. Листот од бршлен во мали колчичества делува на крвните садови и срцето. Најдобро е да се берат во период на цутење (август-септември), тогаш содржат најмногу лековити состојки. Се сушат на светло место.
Листовите содржат многу активни состојки како рутозид и рутинозид, и сапонини, како што се хедерин, хедеракосид и хедерагенин. Во плодовите има сапонини, особено хедерин, а стеблото има гоморини и сапонини. Сите сапонини ја подобруваат венската и лимфната дренажа и го намалуваат едемот. Соединението хедерин, исто така, има аналгетско и антиинфламаторно дејство, вазоконстриктивно и антиексудативно својство, а исто така може да ја намали капиларната пропустливост. Ја активира циркулацијата што помага во дренажата на инфилтрираното ткиво и го намалува воспалението. Овие особини го прават да биде идеална состојка за борба против целулитот.
 
Сапонините исто така ја растворуваат густата слуз во бронхиите. Ги опушта бронхијалните мускули и намалува потреба за кашлање, олеснува дишење и намалува кашлање со грчеви. Ефикасно делува на дишните патишта, затоа се употребува и против астма.
Add to cart